Вчера (19.01.2026) во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“.
Тој е задржан во полициска станица, извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.










