Tuesday, January 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

МВР почнува со проверки на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“

by Simovski
20.01.2026
in Скопје

Од денес до 31 јануари, низ повеќе локации ќе се спроведуваат интензивни активности за проверка на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“. Во овој период ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Проверките ќе се реализираат секојдневно во временскиот интервал од 8 до 20 часот, а за време на нивното спроведување ќе има и привремени ограничувања во сообраќајот. Возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката, појаснуваат од МВР.

Системот „Безбеден град“, кој претставува инвестиција на локалната самоуправа, веќе е предмет на технички увид. Во наредниот период се очекува негово интегрирање во поголем, централен систем за сообраќаен надзор што го подготвува Министерството за внатрешни работи.

Во првата недела од активностите, тестирањата ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Град Скопје, по што се очекува процесот да продолжи и на други подрачја.

Од Министерството апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените мерки, да покажат трпение и соработка, со цел непречено и безбедно спроведување на планираните активности.

Next Post
vino

Трамп се заканува: 200% данок на француското вино ако Франција не се приклучи на Советот за мир

albanija

Над 12,4 милиони странски посетители во Албанија за 2025 година

Препорачани Вести

Средба на пратеничката Иванка Василевска со Папата на Коптската Православна Црква во Каиро

10 months ago

Ѓорѓиевски: Со заеднички напори ќе изградиме иднина каде младите ќе сакаат да останат во Македонија

11 months ago

Популарни Вести

  • Лица со маски на главите и тврди предмети натепале двајца во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ против судија во Апелациониот суд Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пукање во Арачиново – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР алармира: Лажни пораки за сообраќајни казни кружат меѓу граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана бара итно повлекување на одлуката за прифатни центри за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.