Tuesday, January 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

МВР почнува со проверки на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“

by Simovski
20.01.2026
in Скопје

Од денес до 31 јануари, низ повеќе локации ќе се спроведуваат интензивни активности за проверка на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“. Во овој период ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Проверките ќе се реализираат секојдневно во временскиот интервал од 8 до 20 часот, а за време на нивното спроведување ќе има и привремени ограничувања во сообраќајот. Возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката, појаснуваат од МВР.

Системот „Безбеден град“, кој претставува инвестиција на локалната самоуправа, веќе е предмет на технички увид. Во наредниот период се очекува негово интегрирање во поголем, централен систем за сообраќаен надзор што го подготвува Министерството за внатрешни работи.

Во првата недела од активностите, тестирањата ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Град Скопје, по што се очекува процесот да продолжи и на други подрачја.

Од Министерството апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените мерки, да покажат трпение и соработка, со цел непречено и безбедно спроведување на планираните активности.

Next Post
vino

Трамп се заканува: 200% данок на француското вино ако Франција не се приклучи на Советот за мир

albanija

Над 12,4 милиони странски посетители во Албанија за 2025 година

Препорачани Вести

Македонската заедница во Австралија го одбележа Илинден и АСНОМ во Мелбурн пред споменикот на Гоце Делчев

6 months ago

Божиновска на форум во Астана: Македонија ја јакне енергетската дипломатија и партнерствата за зелена иднина

8 months ago

Популарни Вести

  • Претепан газда на кафеана – истрага против две лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервентната полиција апсеше во Скопје – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Океаните под заштита со нов договор – но дали е доволно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Изборот за прв обвинител во Скопје брои пет кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силен студ низ Македонија: Утринските температури паѓаат до -10°C

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.