Под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса од Медитеранот, поврзана со продор на ладен воздух од север и североисток, ноќта кон среда и во текот на среда во Македонија од југозапад ќе се прошират врнежи претежно од снег.
Снегот ќе биде пообилен во западните и во јужните предели, каде се очекува формирање и проширување на снежна покривка. На повисоките и на планинските места снежната покривка дополнително ќе се зголемува.
Во градските средини во западниот и јужниот дел од земјата се очекува снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.









