На 20.01.2026 во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С..
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на почината е дадено на обдукција.
Додека, со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.










