Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Четири години затвор за поранешниот директор на Клиниката за геријатрија Мухсин Арифи

by Redakcija
21.01.2026
in Македонија

Основниот кривичен суд Скопје го осуди поранешниот директор на Клиниката за геријатрија, Мухсин Арифи, на четири години затвор за примање мито, додека неговиот соработник Блерим Амети доби казна од една година и десет месеци. Судот при одредувањето на казната ги зема во предвид тежината на делото, начинот на извршување и времето поминато во притвор.

Според обвинението, Арифи побарал имотна корист за да овозможи хоспитализација на лице во тешка здравствена состојба, иако тоа било негова службена должност. Амети, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и бил фатен на лице место при примање 20.000 евра, дел од сумата наменета за Арифи. Двајцата обвинети ја негираа вината во текот на судската постапка.

Адвокатот Скендер Мехмеди, кој ги застапува обвинетите, изјави дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје, оценувајќи ги казните како превисоки и најави детални коментари откако ќе ја добие писмената пресуда.

Од друга страна, обвинителката Искра Хаџи-Василева го поздрави исходот на судењето, истакнувајќи дека Обвинителството е задоволно што судот ја утврдил вината на обвинетите и прифатил нивните аргументи.

Судијката Ленка Давиткова при образложувањето на пресудата нагласи дека судот ги земал предвид сите релевантни околности за индивидуализација на казната, вклучувајќи ја и тежината на делото, начинот на негово извршување, организираноста и фактот дека делото било сторено со цел материјална корист, искористувајќи ја тешката здравствена и социјална состојба на оштетеното лице.

Next Post

Пожар го зафати четвртиот кат на Специјалното јавно обвинителство во Белград

Нов снежен бран ја зафаќа Македонја: До 25 cm на повисоките места

Препорачани Вести

Конгресот на СДСМ – партиски собир или театар на апсурдот?

3 days ago

Поплавен кејот во Велес, Вардар над јануарскиот просек

3 weeks ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.