Wednesday, January 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Четири години затвор за поранешниот директор на Клиниката за геријатрија Мухсин Арифи

by Redakcija
21.01.2026
in Македонија

Основниот кривичен суд Скопје го осуди поранешниот директор на Клиниката за геријатрија, Мухсин Арифи, на четири години затвор за примање мито, додека неговиот соработник Блерим Амети доби казна од една година и десет месеци. Судот при одредувањето на казната ги зема во предвид тежината на делото, начинот на извршување и времето поминато во притвор.

Според обвинението, Арифи побарал имотна корист за да овозможи хоспитализација на лице во тешка здравствена состојба, иако тоа било негова службена должност. Амети, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и бил фатен на лице место при примање 20.000 евра, дел од сумата наменета за Арифи. Двајцата обвинети ја негираа вината во текот на судската постапка.

Адвокатот Скендер Мехмеди, кој ги застапува обвинетите, изјави дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје, оценувајќи ги казните како превисоки и најави детални коментари откако ќе ја добие писмената пресуда.

Од друга страна, обвинителката Искра Хаџи-Василева го поздрави исходот на судењето, истакнувајќи дека Обвинителството е задоволно што судот ја утврдил вината на обвинетите и прифатил нивните аргументи.

Судијката Ленка Давиткова при образложувањето на пресудата нагласи дека судот ги земал предвид сите релевантни околности за индивидуализација на казната, вклучувајќи ја и тежината на делото, начинот на негово извршување, организираноста и фактот дека делото било сторено со цел материјална корист, искористувајќи ја тешката здравствена и социјална состојба на оштетеното лице.

Next Post

Пожар го зафати четвртиот кат на Специјалното јавно обвинителство во Белград

Нов снежен бран ја зафаќа Македонја: До 25 cm на повисоките места

Препорачани Вести

Морнарицата на САД загуби авион вреден 60 милиони долари

9 months ago

Полициска акција на граничен премин – Откриен бункер во камион

1 week ago

Популарни Вести

  • Нови детали за заѕиданите 350.000 евра – парите почнале да паѓаат од ѕидот…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во фабрика во Тетовско – Пожарникарите со брза интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Давос: Трамп ја критикува Германија поради намалено производство и раст на цените на енергијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов снежен бран ја зафаќа Македонја: До 25 cm на повисоките места

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар го зафати четвртиот кат на Специјалното јавно обвинителство во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.