Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Невреме ја погоди Грција: Силен дожд, снег и ветрови

by Simovski
21.01.2026
in Балкан
zima

Грција од утрово е зафатена од сурово невреме, кое донесе интензивни врнежи од дожд, снег дури и во ниските предели, громови и силен ветер. Во повеќе региони беа затворени училишта, граѓаните добија предупредувачки пораки, а на атинските пристаништа е воведена забрана за пловидба, јави дописничката на МИА од Атина.

Уште вчера, поради прогнозата за екстремни временски услови, се одржаа состаноци во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита. Како резултат, за региони како Атика, Пелопонез, Тесалија, како и централна и северозападна Грција е воведен „Red Code“ – црвено предупредување, што значи целосна мобилизација на сите институции за справување со кризната ситуација.

Противпожарната служба, полицијата, крајбрежната служба и армијата се ставени во зголемена готовност, со особено внимание на поширокиот регион на Атина. Од бројот 112 за итни случаи беа испратени предупредувачки пораки до пет региони, а утрово и сите жители на Атика добија исти инструкции: да ги ограничат движењата на апсолутно неопходните и да ги следат упатствата на надлежните органи.

„Поради интензивни временски појави што се очекуваат од пладне до доцна вечерта, ограничете ги движењата на најнеопходното. Слушајте ги надлежните органи“, стои во пораката од 112.

Силниот ветер ги закотви бродовите и траектите на атинските пристаништа, додека основните и средните училишта, како и градинките, во повеќе делови на земјата денеска се затворени и наставата се одвива онлајн. Поради заштита на учениците и наставниот кадар, префектот на Атика, Никос Хардаљас, нареди превентивно затворање на сите државни и приватни училишта во регионот.

„Знаејќи ги слабостите на старите инфраструктури, мораме да бидеме чекор пред опасноста. Одговорноста кон децата не трпи ризик“, нагласи Хардаљас.

Исто така, вработените во јавниот и приватниот сектор се советувани да работат од дома ако пристигнувањето на работното место не е безбедно, додека за оние чии активности се на отворено е воведен прекин на работа.

Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“ ја класифицираат денешната прогноза како Категорија 5 – екстремна. Директорот на одделот за истражување, Константинос Лагувардос, предупреди: „Очекуваме големо и загрижувачко количество дожд за многу кратко време – до 50–60 милиметри за само шест часа.“

Next Post

Нов скандал во судството: Уапсен вработен во Основен суд

crkva

Кражба во Кливленд: Свети молитвени плочки исчезнаа од православна црква

Препорачани Вести

Од утре, подгответе се за промени: Еве какво време не очекува

И оваа зима ќе биде потопла од вообичаеното, но капите и шаловите сепак нема да завршат во гардероба!

2 months ago
Водачот на Хезболах кон Израел: „Ќе го одбереме времето за одмазда“

Водачот на Хезболах кон Израел: „Ќе го одбереме времето за одмазда“

2 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.