Патот кој води до ски стазата на Копанки е исчистен од снегот.

– До овој момент имаме нови 10cm снежна покривка на Пелистер на 1400мнв. Ова е одлична можност за најмладите да направат почетнички чекори за совладување на техниката за скиење. Благодарение на добрата координираност помеѓу Македонија пат и зимската служба на општина Битола, асфалтниот пат кој поминува низ НП Пелистер и води до хотелот Молика е прооден за патнички моторни возила, изјави за АПЛА, Иванчо Тошевски директор на НП Пелистер Битола.









