Актуелната македонска репрезентативка и една од најдобрите фудбалерки во земјава, Улза Максути, повторно ќе го носи дресот на Љуботен. Таа е најновото засилување на тетовскиот клуб во пресрет на продолжението од сезоната и борбата за нова шампионска титула.
Максути се враќа во Љуботен со јасна цел – да се доврши започнатото уште во август, кога клубот оствари значајни победи во квалификациите од Лигата на шампионите. Со нејзиното искуство и голгетерски квалитети, во клубот очекуваат дополнителна офанзивна моќ и многу погодоци во продолжението од првенството.
Улза Максути неколку години наназад е најдобар стрелец во македонското првенство и важен дел од националниот тим. По кратката авантура во албански Грамши, таа повторно се враќа во Љуботен, каде што веќе има оставено силен белег. Претходно настапуваше и за Унје Кадин од Турција, како и за Ас Јунајтед од Струга.
Од клубот изразуваат надеж за успешна соработка и исполнување на зацртаните цели, со јасна порака дека со вакво засилување амбициите за нова титула се уште поцврсти.










