Wednesday, January 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Внимавајте на измама: МВР предупредува на лажни пораки од БЈБ и сајбер единицата

by Simovski
21.01.2026
in Македонија
Внимавајте на измама: МВР предупредува на лажни пораки од БЈБ и сајбер единицата

Граѓаните ширум земјата пријавуваат добивање на електронски пораки што наводно доаѓаат од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Во пораките се наведува дека примачот е предмет на сериозни кривични истраги – за измислени дела како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога – и се бара да се појави во полициска станица во рок од 24 часа или да испрати повратен емаил.

Меѓутоа, од Министерството за внатрешни работи имаа брза реакција: станува збор за класична измама. Ниту БЈБ, ниту одделот за сајбер криминал и безбедност испраќаат такви пораки. Целта на измамниците е да ги измамат граѓаните да ги откријат своите лични податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени.

„Овие пораки се лесно препознатливи – текстот често е слаб превод, а содржината е нелогична и вознемирувачка. Покани за истражни постапки од МВР никогаш не се испраќаат преку е-пошта“, појаснуваат од МВР.

Министерството апелира: ако добиете слична порака, не ја отворајте, не контактирајте го испраќачот и не ги споделувајте личните податоци. Исто така, избегнувајте да кликате на линкови или да отворате прилози од непознати испраќачи, бидејќи тие можат да содржат малициозен софтвер и да го загрозат вашиот компјутерски систем.

Next Post
berza

Економски шок пред доаѓањето на Трамп во Давосшок: Златото расте, европските берзи тонат

eu

Лидерите на земјите од ЕУ се среќаваат во Брисел за вонреден состанок околу Гренланд

Препорачани Вести

Ѓорѓија Пулески спектакуларно „оживеа“ во Галичник

Ѓорѓија Пулески спектакуларно „оживеа“ во Галичник

6 months ago

Џезаир Авдули ја одби Албанија и избра да игра за Македонија U21

5 months ago

Популарни Вести

  • ЈП „Паркинзи“ Битола со интензивни активности на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фото вест: Лерин под снежна постилка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен дневен промет од 26,93 милиони денари, без активности на обврзничкиот пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: Гренланд ја заслужува Америка – Европа ја пропушти шансата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај на неизвесноста: МОЛ го презема НИС, Мали отвора нова ера за српската енергетика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.