На Водици оваа година, еден волонтер од Црвен Крст покажа вистинско херојство, спасувајќи момче кое заглави во реката Вардар по скокот за чесниот крст.
Игор Јакимовски објави фотографии и статус, истакнувајќи ја храброста на волонтерот: „Најголемиот херој на Водици. Тој без размислување заплива кон момчето кое беше заглавено на јажето со главата под вода. Брзата реакција во студената и надојдената вода, како и клучниот момент кога го отплетка момчето од јажето, беа вистинско херојство.“
Јакимовски повика и на јавноста да ја сподели приказната за да се признае и награди храброста на волонтерот, кој со својата интервенција го спаси животот на младото момче.











