Thursday, January 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Државата троши повеќе за затворска храна отколку за студентски оброци: 77 милиони за затворениците, 22 за студентите

by Simovski
22.01.2026
in Македонија
Државата троши повеќе за затворска храна отколку за студентски оброци: 77 милиони за затворениците, 22 за студентите

Државата троши значително повеќе за исхрана на затворениците отколку за оброците на студентите, покажуваат податоците од системот за јавни набавки.

Казнено-поправната установа „Идризово“ за една година ќе потроши околу 77 милиони денари за храна за нешто повеќе од 2.400 затвореници. Во оваа сума се вклучени месо и месни преработки, риба, овошје и зеленчук, јајца, зачини, како и млеко и млечни производи. Дополнително, надвор од овој договор се склучуваат посебни набавки за нафтени деривати, јаглен и вода за пиење.

Од другата страна се студентите. Државниот студентски дом – Скопје за исхрана на студентите издвојува 22 милиони денари, и тоа за период од осум месеци. Сумата е речиси трипати помала од таа што се троши за затворениците, иако студентите се побројни и станува збор за млади луѓе кои треба да го градат својот образовен и професионален пат.

Фактот дека затворениците мора да бидат згрижени и обезбедени со основни услови за живот не е спорен. Но, разликата во средствата што државата ги издвојува за нивната исхрана, во споредба со студентскиот стандард, отвора сериозни прашања за приоритетите на институциите.

Во изминатиот период, социјалните мрежи беа преплавени со сведоштва од студенти: фотографии од храна со мувла, мали и недоволни оброци, запуштени и нереновирани студентски домови, расипани лифтови и простории без греење. Наместо безгрижни студентски денови, дел од младите се соочуваат со услови што едвај ги задоволуваат основните потреби.

Next Post
Македонија со четири свои претставници на зимските олимписки игри во Италија

Македонија со четири свои претставници на зимските олимписки игри во Италија

youtube

Платформа што ќе го води фокусот кон вештачката интелигенција и безбедноста во 2026

Препорачани Вести

Обид за убиство во Куманово: 84-годишник приведен, започната истрага

1 month ago
Претреси во Скопје, лишено од слобода едно лице

Претреси во Скопје, лишено од слобода едно лице

6 months ago

Популарни Вести

  • Тешка сообраќајка: Петмина тинејџери повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пелагонискиот и Југозападниот регион чекорат кон модерен систем за управување со отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Ристоска: Наместо извинување, глуми жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажна порака од „Сејф сити“: Жена измамена за речиси 30 илјади денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грипот и натаму со силен интензитет: над 2.000 заболени за седум дена и два смртни исходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.