Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Лажна порака од „Сејф сити“: Жена измамена за речиси 30 илјади денари

by Redakcija
22.01.2026
in Црна Хроника

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 21 јануари 2026 година во 15:45 часот, во Одделението за внатрешни работи Кавадарци била пријавена измама, при што 43-годишна жителка на градот била оштетена за 29.930 денари.

Според пријавата, ден претходно, на 20 јануари, оштетената на својата електронска пошта добила порака испратена лажно во име на Одделот за моторни возила при МВР. Во пораката било наведено дека сторила сообраќаен прекршок и ѝ биле дадени насоки за електронско плаќање на наводна казна.

Следејќи ги упатствата, таа пристапила до посочена интернет-страница, каде што се регистрирала и внесла лични податоци. Набргу потоа добила известување дека од нејзината банкарска сметка биле повлечени парични средства, по што сфатила дека станува збор за измама.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и повторно апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, да не отвораат сомнителни линкови и да не доставуваат лични или банкарски податоци преку електронски пораки кои наводно доаѓаат од институции.

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Ристоска: Наместо извинување, глуми жртва

Пелагонискиот и Југозападниот регион чекорат кон модерен систем за управување со отпад

Препорачани Вести

ЕУ стартува најголемиот инфраструктурен проект во историјата – континентална мрежа на брзи железници

4 months ago
Субвенција од 500 денари за секој купен кубик огревно дрво

Субвенција од 500 денари за секој купен кубик огревно дрво

10 months ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Храбри одлуки за стабилни јавни претпријатија и развој на Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобил со намера удри во синагога во Бруклин, уапсен возачот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 24Инфо: Финансиска полиција со кривична пријава за првиот регулатор Бислимовски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нелегални тутунски производи вредни 1,8 милиони денари откриени во малопродажба во Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сериозни злоупотреби во болницата во Прилеп – п однесено обвинение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.