Утре, 23 јануари 2026 година, дел од град Тетово и повеќе населени места во тетовскиот регион ќе бидат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.
Според најавите, прекини во снабдувањето со струја ќе има во периодот од 09:00 до 14:30 часот, со различно времетраење во зависност од локацијата.
Без електрична енергија ќе останат:
- дел од селото Радиовце, конкретно објектите на излезот од селото кон село Теново (од 09:00 до 14:00 часот),
- дел од селото Желино, вклучувајќи ги објектите до старата месна заедница, како и објектите кај фабриката „Делфи Комерц“ и околината (од 09:00 до 14:30 часот),
- дел од селото Копачин Дол, односно објектите во близина на клучката пред селото (од 09:00 до 14:30 часот),
- како и дел од град Тетово, поточно кај управната зграда на „Нормак Инвест“ во ТИРЗ Тетово (од 09:00 до 14:30 часот).
Надлежните информираат дека прекините се со цел подобрување и одржување на електродистрибутивната мрежа и апелираат до граѓаните за разбирање.








