Thursday, January 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Руте и Трамп разговараа за Гренланд, но патот до договорот е сеуште долг

by Simovski
22.01.2026
in Свет
trump rute

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека и покрај постигнатиот напредок, останува „уште многу работа“ меѓу страните вклучени во дискусиите за контролата и безбедноста на Гренланд.

Во разговор со Фокс њуз, Руте откри дека на маргините на Светскиот економски форум во Давос, тој и американскиот претседател Доналд Трамп се согласиле дека Арктикот е критично важен регион кој мора да биде заштитен преку заеднички напори. „Разговорите беа конструктивни и резултираа со добар исход, но секако има уште многу што треба да се направи“, рече тој.

Според него, САД ќе продолжат дијалог со Данска и со Гренланд, со посебен акцент на спречување на Русија и Кина да добијат економски или стратешки придобивки од регионот. НАТО, додаде тој, ќе разгледува начини како колективно да ја зајакне безбедноста на Арктикот, вклучувајќи копнени, поморски и воздушни мерки. „Гренланд е важен дел од светот и од територијата на НАТО, и тоа го земаме многу сериозно“, подвлече Руте.

На прашањето дали предложената рамка за можен договор, која претходно ја најави Трамп, го предвидува статусот на Гренланд како дански автономен остров, Руте одговори дека тоа прашање не било дел од неговите последни разговори. „Фокусот беше исклучиво на заштитата на регионот“, рече тој.

Претседателот Трамп, пак, изјави дека од средбата со Руте произлегла рамка за идент договор за Гренланд и за Арктикот воопшто. Американскиот лидер истовремено ја повлече заканата за воведување казнени царини за европските земји кои ја поддржуваат Данска, нешто што само пред неколку дена го најави како можност.

Next Post
struja

Прекин на електрична енергија денес во Бутел

micotakis

Невремето го спречи Мицотакис да отпатува до Давос

Препорачани Вести

ТЕТОВО ВО НОВO-ОБJАВЕНИ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА

2 months ago
Два хороскопски знаци ги очекува огромна среќа во следните седум години: Големо богатство, љубов и животни можности

Два хороскопски знаци ги очекува огромна среќа во следните седум години: Големо богатство, љубов и животни можности

8 months ago

Популарни Вести

  • struja

    Од броилото до телефонот: РКЕ го носи дигиталното следење на потрошувачката до граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медитеранската бура Хари предизвика хаос: Сицилија и Малта поплавени, урагански ветрови и драматична евакуација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со закани барал пари од поранешниот партнер на ќерката – Полицијата реагирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Очилата на Макрон предизвикаа хаос во светот на луксузот: Серверот на брендот се сруши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп го формираше Одборот за мир: Еве кои земји се вклучени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.