понеделник, април 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

САД официјално го напуштаат СЗО

by Simovski
22.01.2026
in Свет
САД официјално го напуштаат СЗО

САД официјално се повлекоа од Светската здравствена организација (СЗО), завршувајќи го процесот што беше започнат со наредбата на претседателот Доналд Трамп пред една година. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, овој чекор го оцени како „голема загуба и за САД, и за светот“ и изрази надеж дека земјата повторно ќе се врати во агенцијата.

Повлекувањето стапува на сила денес, по истекот на задолжителниот едногодишен рок за известување предвиден во договорот меѓу САД и СЗО. Иако формално е испочитуван рокот, условите за повлекување не се целосно исполнети – американската влада не ги уплатила сите свои претходни придонеси, вклучително и членарините за 2024 и 2025 година во висина од околу 280 милиони долари. СЗО нема правна можност да ја спречи одлуката или да бара наплата, појаснува агенцијата dpa.

„Ова не е само прашање на пари, туку на глобална соработка и солидарност. Сите губиме со овој потег“, истакна Тедрос, потсетувајќи дека СЗО игра клучна улога во системите за рано предупредување и справување со потенцијално опасни болести.

Односот на Трамп со СЗО се заостри за време на пандемијата на коронавирус, кога тој ја обвини организацијата за лошо управување и злоупотреба на средства. За време на неговиот прв мандат, тој се обиде да ја напушти агенцијата, но неговиот наследник Џо Бајден ја поништи наредбата пред да истече рокот. По враќањето на Трамп во Белата куќа, САД продолжија да не ги плаќаат останатите обврски кон СЗО.

Американската администрација долго време беше најголем донатор на организацијата, финансирајќи повеќе од 15 проценти од буџетот, но сега отсуството на САД го принуди СЗО да започне програма за штедење, намалувајќи го персоналот и буџетот за околу 20 проценти.

Related Posts

Рокот завршува утре – Трамп: Иран може да биде „уништен преку ноќ“

06.04.2026

Иран нападнал брод со 2.500 маринци

06.04.2026

Ова се условите на Иран за отворање на Ормускиот теснец

06.04.2026

(ВИДЕО) Секунди до катастрофа: Американските сили чекале спас во последен момент

06.04.2026

Уште една земја се вклучува во војната со Иран?

06.04.2026

Инцидент што може да го запали регионот: Жртви меѓу американските сили во Иран

06.04.2026

Препорачани Вести

Андоновски: Дигитализацијата треба да го унапреди пристапот до електронски услуги и да ја поврзе државата

3 месеци ago

Енергетски колапс на Куба: скратена работна недела и строги рестрикции за гориво

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Рокот завршува утре – Трамп: Иран може да биде „уништен преку ноќ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран нападнал брод со 2.500 маринци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска во Вашингтон: нови можности за економска и енергетска соработка со САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имаш креативност и знаење? Придружи се на тимот со убави услови и конкурентна плата!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите жртви на семејно насилство во Тетово – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.