Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Во Теарце одбележани 25 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

by Redakcija
22.01.2026
in Република

Во тетовско Теарце денеска беше оддадена почит на полицаецот Момир Стојановски, кој загина на денешен ден пред 25 години при терористичкиот напад врз тогашната полициска станица. Овој настан од 22 јануари 2001 година се смета за почеток на оружениот конфликт во Македонија.

На комеморативниот собир во организација на Одборот на бранителите, претседателот Марин Најдов истакна дека жртвата на Стојановски не смее да биде заборавена. Тој потсети дека Момир беше првата жртва меѓу бранителите во 2001 година, а во истиот напад беа ранети уште тројца негови колеги.

Одборот упати и официјален апел до Министерството за внатрешни работи конечно да се прифати нивната долгогодишна иницијатива. Бидејќи местото на старата станица сега е приватен имот, тие бараат спомен-плочата за Стојановски трајно да биде поставена во новиот објект на полициската станица во Теарце.

Почит на загинатиот бранител со положување цвеќе му оддадоа претставници на СВР Тетово, здруженија на бранители, политички партии и граѓани.

Next Post

Со закани по живот изнудувале пари: кривична пријава против три лица од Скопје

Германскиот канцелар: Европа изгуби огромен потенцијал поради пререгулација и слаб раст

Препорачани Вести

“Најголемата инвестиција во историјата”: 40 авиони за 3,2 милијарди евра – крајната бројка може да достигне и 84 летала

“Најголемата инвестиција во историјата”: 40 авиони за 3,2 милијарди евра – крајната бројка може да достигне и 84 летала

8 months ago
Метеоролозите предупредуваат: Не очекува едно од најекстремните лета, ова се деталите

Пеколен топлотен бран од југ го очекува регионот до петок

6 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.