Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Данска ги подготвувала силите на Гренланд и за можен конфликт со САД

by Redakcija
23.01.2026
in Свет

Данските трупи распоредени на Гренланд добиле наредба да бидат борбено подготвени и опремени со боева муниција во случај на евентуален напад од Соединетите Американски Држави, објави данскиот јавен сервис ДР, повикувајќи се на воени документи, а пренесе АФП.

Според извештајот, воената наредба издадена минатата недела предвидува повеќефазна операција, со можност за дополнително испраќање сили и опрема на автономната данска територија. По издавањето на наредбата, цивилни и воени авиони започнале со транспорт на војници и логистичка поддршка кон Гренланд.

Распоредувањето официјално било дел од воената вежба „Arctic Endurance“, која се одвива под водство на Данска и, според најавите од Копенхаген, ќе продолжи во текот на поголемиот дел од наредната година.

Тензиите околу Гренланд се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати изјави дека САД ќе го добијат островот „на овој или на оној начин“, не исклучувајќи употреба на сила поради, како што рече, прашања од национална безбедност. Подоцна, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп соопшти дека се откажува од заканите и дека е постигната „рамка“ за договор.

Во меѓувреме, неколку европски земји испратија ограничен број војници на Гренланд, официјално за подготовки за вежбата. Дел од нив, меѓу кои германски и шведски војници, веќе го напуштија островот, додека други сили и понатаму пристигнуваат.

ДР јавува и за широка политичка поддршка во Данска, и од власта и од опозицијата, за отпор во случај на евентуален американски напад. Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен одби да го коментира извештајот.

Next Post

ФИЛМСКА ПОТЕРА: Дрвокрадци фатени на дело (Видео)

Националниот парк „Пелистер“ обезбеди храна за дивечот во зимски услови

Препорачани Вести

Египќаните бараат место во Уставот – Демир Далип со повик за еднаквост!

11 months ago
Овие четири хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа до крајот на 2025 година

Овие четири хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа до крајот на 2025 година

8 months ago

Популарни Вести

  • Стојаноска до Ахмети: Ние останавме доследни на порака од народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: „Еразмус+“ ги доближува европските образовни можности до Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Националниот парк „Пелистер“ обезбеди храна за дивечот во зимски услови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФИЛМСКА ПОТЕРА: Дрвокрадци фатени на дело (Видео)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данска ги подготвувала силите на Гренланд и за можен конфликт со САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.