Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Европа игнорира: Извозот на балканските превозници се соочува со огромни загуби

by Simovski
23.01.2026
in Економија
aleksandar nikoloski

Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски предупредува на сериозна економска криза, откако новите правила за влез во шенген-зоната за професионални возачи значително го загрозуваат транспортниот сектор. Според него, една компанија веќе проценува загуби од 1,5 милиони евра неделно поради ограничувањата во транспортот на своите производи.

„Целата македонска економија и регионалниот извоз се доведени на работ на колапс. Овие мерки се сериозна закана за компании кои работат во ТИРЗ, но и за домашни извозно ориентирани фирми. Ако транспортот поскапи за 3 до 5%, производите стануваат неконкурентни на европскиот пазар,“ истакна Николоски во интервју за Радио Лидер.

Тој објасни дека проблемот не е само македонски, туку регионален: „Од понеделник започнува протест кој ќе трае седум дена на граничните премини кон шенген-зоната, на кој ќе учествуваат превозници од Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ. Станува збор за огромен економски проблем кој директно ја погодува извозно ориентираната економија на целиот Балкан.“

Николоски нагласи дека и покрај континуираните преговори со ЕУ, одговорот останува нејасен и неодговорен. „Во декември имав жестоки разговори директно во Брисел, но за жал не најдов разбирање. Овие радикални мерки се единствениот начин да се привлече внимание на проблемот,“ додаде министерот.

Тој потенцира дека електронската евиденција за професионалните возачи во ЕУ го намалува времето на работа за половина, што го прави транспортниот бизнис неисплатлив. Со зголемување на трошоците за превоз, македонските компании ризикуваат да изгубат конкурентност, а дел од нив дури и да ја напуштат земјата.

Next Post

ВЛЕН: Законот за „Безбеден град“ треба да се гледа надвор од партиските интереси

trump

Трамп со жестока критика кон НАТО: „Вашите трупи беа надвор од вистинската борба во Авганистан“

Препорачани Вести

[ВИДЕО] Хаос во Лос Анџелес: Трамп испрати Национална гарда, стотици уапсени, летаат гумени куршуми, улиците во пламен

[ВИДЕО] Хаос во Лос Анџелес: Трамп испрати Национална гарда, стотици уапсени, летаат гумени куршуми, улиците во пламен

8 months ago

Пожарот во Вардариште ставен под контрола, се врши догаснување

7 months ago

Популарни Вести

  • Оне Македонија“ официјално трет мобилен оператор во земјата, доби 5Г-лиценца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска испраќа стотици генератори и грејни тела за помош на Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен полицаец – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран бара од МААЕ да го осуди нападот пред да дозволи инспекции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можност за видување на Аурора Бореалис и во нашиот регион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.