Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Газдата на барот што изгоре во Швајцарија ослободен со кауција 

by Redakcija
23.01.2026
in Свет

Судот одреди кауција од 200.000 швајцарски франци и секојдневно јавување во полиција за сопственикот на барот „Le Constellation“, кој заедно со сопругата е под истрага за убиство од небрежност по пожарот во кој загинаа 40 лица.

Сопственикот на швајцарскиот бар кој изгоре за Нова година ќе биде пуштен на слобода откако ќе биде платена кауција, соопшти денес надлежниот суд. Во трагичниот пожар загинаа 40 лица, а повеќе од 100 се повредени, пишува Ројтерс.

Жак Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага поради сомнение за извршување на повеќе кривични дела, меѓу кои и убиство од небрежност.

Морети беше приведен на 9 јануари поради опасност од бегство. Двајцата изразиле жалење поради трагедијата и ветиле соработка со обвинителството.

Како мерки за спречување бегство, судот одреди кауција во износ од 200.000 швајцарски франци (253.485,42 американски долари) и обврска за секојдневно јавување во полициска станица, се наведува во соопштението.

Швајцарските обвинители претходно денес информираа дека спровеле две сослушувања со сопствениците на барот, кои во моментов се единствени осомничени во случајот.

Секое сослушување траело повеќе од десет часа и опфатило прашања поврзани со безбедноста и преуредувањето на барот „Le Constellation“. Обвинителството соопшти дека биле наложени и претреси, биле собрани докази и запленет имот.

Извор: Слободен Печат

Next Post

Пожар кај Тутунски комбинат во Скопје – брзата реакција спречила катастрофа

Измама во Скопје: Странец останал без пари за документи за престој

Препорачани Вести

Градоначалникот Ѓорѓиевски со Неговото Блаженство Стефан: Нови проекти за духовен развој во Кисела Вода

10 months ago

Сања Божиновска: Регионот не е следбеник, туку двигател на глобалната енергетска транзиција

3 months ago

Популарни Вести

  • Бериша со остра порака до Рама пред најавениот опозициски протест во Тирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Масовно апсење во Косово: Над 100 лица осомничени за изборна измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е Илијана Јотова првата жена претседателка на Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не купувајте стан во градба пред да добие употребна дозвола, измамени има многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ETIAS: Нов услов за слободно патување во Европа за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.