Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на средба во Истанбул со претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, заедно со министрите за надворешни работи од земјите членки на Балканската платформа за мир.
На средбата се дискутираше за билатералните односи на Турција со земјите од регионот, како и за пошироките регионални прашања од заемен интерес.
Муцунски нагласи дека во време на сериозни предизвици во светот и регионот, зајакнувањето на солидарноста и меѓусебното разбирање меѓу членовите на Балканската платформа за мир е клучно за стабилноста и развојот на регионот.
Соговорниците се согласиле дека Балканот треба да продолжи да се развива со пристап кој ги почитува поуките од минатото, но е насочен кон стабилност, соработка и заедничка иднина.









