Јавната установа Национален парк „Пелистер“ денеска спроведе активности за прихрана на дивечот на повеќе локации во рамки на паркот, со цел подобрување на условите за заштита и грижа за животинскиот свет во зимски услови.
Во поставените хранилки беше обезбедена соодветна храна, меѓу која сено, крупна сол и минерали, пченица и пченка, наменети за полесно преживување на дивечот во периодот на ниски температури и намалена природна храна.
Од установата информираат дека активноста е дел од редовните мерки за заштита, одржување на биодиверзитетот и континуирана грижа за дивечот во Националниот парк „Пелистер“.










