понеделник, март 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

One Macedonia доби официјална лиценца, со што започнува значаен пресврт во дигиталната иднина на Македонија

by Redakcija
23.01.2026
in Економија

(Скопје, 23.01.2026) – One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Лиценцата денеска свечено беше врачена на церемонија организирана од Агенција за електронски комуникации (АЕК), со што се означува почетокот на долгорочна стратешка инвестиција во екосистемот за поврзаност на Северна Македонија.

На настанот присуствуваа претставници на Агенцијата за електронски комуникации, менаџментот на One Macedonia, како и претставници на националните медиуми. Овој значаен чекор следува по успешно завршената постапка за доделување на радиофреквенцискиот спектар.

Пал Заранди, претседател на одборот на директори на One Macedonia и директор за мобилна стратегија во 4iG Групацијата, ја нагласи пошироката визија зад влезот на компанијата на овој пазар: „Ова не е само лансирање на уште една телекомуникациска компанија. За нас, влегувањето во Северна Македонија претставувастратешко проширување на нашето присуство низ целиот Западен Балкан, регион кој е клучен за нашиот долгорочен раст. Северна Македонија игра важна улога во нашите пошироки амбиции за дигитална инфраструктура. Проектот за подморски кабел Албанија-Египет и поврзаниот проект „Балкански столб“, кој е поддржан од Европската комисија, отвора нов стратешки дигитален коридор помеѓу Европа и Африка. Географската и стратешката положба на Северна Македонија природно ја прави точка за проширување за оваа инфраструктура, зајакнувајќи ја релевантноста на земјата во регионалната и континенталната поврзаност на податоци. Оваа земја ќе служи како клучен јазол во регионалниот екосистем на податоци“. Тој додаде дека како земја-членка на НАТО, Северна Македонија е релевантна не само економски, туку и геополитички. „Нашите проширувачки одбранбени и сателитски капацитети наоѓаат силна основа тука, а со градење на робусно, безбедно телекомуникацископрисуство, поставуваме темели за поширока соработка во критичните технологии. Ова е ретка можност да се изгради национален оператор од нула, со најнапредни алатки, но исто така и да се обликува корпоративна култура насочена кон потрошувачите, агилна и транспарентна од првиот ден“, изјави Заранди.

Компанијата планира да инвестира до 100 милиони евра во изградба и развој на мрежата, вклучително и во инфраструктура, отворање нови работни места, обуки, како и долгорочна соработка со домашни ИКТ-компании.

„Ние не влегуваме на пазарот само за да се натпреваруваме, туку за да дадеме конкретен придонес. One Macedonia претставува нов почеток за телекомуникациите во земјата. Без наследена инфраструктура, имаме можност работите да ги поставиме поинаку, односно поефикасно, побрзо и побезбедно. Нашата визија е да станеме доверлив дигитален столб на Северна Македонија, инклузивен, безбеден и отпорен. Оваа лиценца е нашата почетна точка, но вистинската работа започнува сега“, изјави Брано Ѓуровиќ, извршен директор на One Macedonia.

Со почетна инвестиција за лиценцата, повеќе од 8 милиони евра, One Macedonia ја потврдува својата посветеност на долгорочен развој и градење локални партнерства, целосно усогласени со безбедносните и регулаторните рамки на Европска Унија. Компанијата работи врз принципи на транспарентност, иновации и заштита на јавниот интерес, со цел да ја поддржи дигиталната трансформација на државата и да создаде трајна вредност за граѓаните, институциите и економијата.

Директорот на Агенција за електронски комуникации (АЕК), Јетон Акику, ја истакна важноста на одлуката од аспект на развојот на пазарот и јавниот интерес:„Доделувањето на лиценцата денес претставува клучен момент во дигиталниот развој на Северна Македонија. Го отвораме пазарот за нова конкуренција, притоа целосно усогласени со европските стандарди. One Macedoniaвнесува нова динамика и сериозна стратешка посветеност. Веруваме дека овој чекор ќе придонесе за подобри услуги, многу иновации и побезбедна инфраструктура за граѓаните. АЕК ќе продолжи да обезбедува стабилна регулаторна рамка за поддршка на долгорочни инвестиции и соработка.“

Церемонијата заврши со заедничко изразена определба за поддршка на конкурентен и одржлив развој на телекомуникацискиот сектор во земјата.

 

 

За One Macedonia

One Macedonia е најновиот мобилен оператор во Северна Македонија, основан со цел изградба на безбедна дигитална мрежа со висок капацитет и долгорочна одржливост. Компанијата е во целосна сопственост на 4iG Групација, една од најбрзорастечките технолошки и инфраструктурни компании во Централна и Источна Европа. One Macedonia започнува со лансирање на мобилна мрежа од следната генерација 5G Standalone (SA), базирана на европски стандарди и со користење доверливи добавувачи, како што е Ericsson.

 

За 4iG Групација

 

4iG Групација (4iG Nyrt.), со седиште во Будимпешта и со доминантна сопственичка структура од унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан. Како компанија чии акции котираат на Budapest Stock Exchange, 4iG е препознаена по својот современ и иновативен пристап. 4iG Групација е унгарски водечки телекомуникациски оператор и ИТ систем-интегратор со активно присуство во процесите на дигитална трансформација во регионот. Како сопственик на ONE Montenegro и ONE Albania, Групацијата опслужува речиси 2,2 милиони приватни и околу 400.000 деловни корисници низ Западен Балкан и обезбедува телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги на регионално ниво. Групацијата е посветена на изградба на мрежи со примена на технологии од доверливи и безбедни извори, во рамките на иницијативата Clean Network. Со повеќе од 8.000 високо квалификувани професионалци, Групацијата обезбедува телекомуникациски и инфо-комуникациски услуги на високо ниво, прилагодени на постојано променливите потреби на пазарите на кои работи. Динамичната стратегија за проширување дополнително ја зацврсти позицијата на 4iG Групација како значаен чинител во телекомуникацискиот сектор, како во Унгарија, така и во регионот на Западен Балкан.

Related Posts

Нафтените компании предупредуваат: Ормутскиот теснец мора да се отвори за да се избегне глобална енергетска криза

16.03.2026

Божиновска: 4.070 ранливи домаќинства добиваат ваучери до 28.000 денари за инвертер клима уреди

16.03.2026

Објавен списокот за ваучери за инвертер клими од Министерството за енергетика

16.03.2026
Глобалниот скок на цените на бензинот го разбуди интересот за електрични возила, но продажбата останува намалена

Глобалниот скок на цените на бензинот го разбуди интересот за електрични возила, но продажбата останува намалена

16.03.2026
zlato

Златото продолжува да паѓа: Цената се спушти под 5.000 долари за унца

16.03.2026
Цените на нафтата нагло паднаа по вчерашниот скок над 100 долари за барел

Ново поскапување на горивата

16.03.2026

Препорачани Вести

Македонците во Мелбурн во правна битка за знамето од Кутлеш

Македонците во Мелбурн во правна битка за знамето од Кутлеш

2 недели ago
Автомобил со намера удри во синагога во Бруклин, уапсен возачот

Автомобил со намера удри во синагога во Бруклин, уапсен возачот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Раст на МБИ10 и силен скок на Макстил – умерено позитивен ден на Македонската берза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на починатите бараат правда: Потребно е да се разграничи пренатрупаниот судски процес и да се утврди кој бил директно инволвиран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран лансирал над 3.400 ракети и дронови низ Блискиот Исток? Се појави карта со шокантни бројки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Растот на цената на нафтата ја полни руската каса: Москва заработува дополнителни 150 милиони долари дневно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Скопје утре без струја поради планирани прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.