Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Полицијата разби дилерска мрежа – МВР со детали за настанот

by Redakcija
23.01.2026
in Црна Хроника

Вчера околу 21:30 часот во селото Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишиле од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата жители на селото.

При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полицијата ги затекнала двајцата осомничени додека вршеле мерење на марихуана. При тоа биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од дрога. Дополнителен претрес бил извршен и во домот на Г.Т., каде исто така биле пронајдени пакувања со марихуана и предмети со остатоци од дрога.

Од преземените активности, полицијата дошла до сознанија дека со случајот се поврзани и К.М.(47) и Б.М.(23) од селото Јосифово. Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови, како и во деловен објект кој го користел К.М., при што биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и хашиш.

Во рамки на сите претреси, полициските службеници одзеле околу два килограми марихуана и хашиш. Лицата се задржани во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на настанот, против сите четворица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Next Post

Омерагиќ во посета на ФК Струга ТЛ за време на подготовките во Анталија

Од понеделник блокада за товарниот сообраќај на граничните премини

Препорачани Вести

Израел со години ја подготвувал тајната операција во Иран: Беспилотни летала, тајна база во Иран, командоси и саботажи во срцето на земјата

Израел со години ја подготвувал тајната операција во Иран: Беспилотни летала, тајна база во Иран, командоси и саботажи во срцето на земјата

8 months ago
Протест по пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова: Семејството се сомнева во правен инженеринг

Протест по пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова: Семејството се сомнева во правен инженеринг

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.