Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Техеран бара од МААЕ да го осуди нападот пред да дозволи инспекции

by Simovski
23.01.2026
in Свет
iran vlada

Иранската агенција за атомска енергија го постави Меѓународниот атомски орган пред јасно прашање: пред да им биде дозволен пристап до нуклеарните објекти, МААЕ мора да се изјасни за нападите на САД и Израел врз иранските постројки минатиот јуни.

Шефот на иранската агенција, Мохамед Еслами, критички оцени дека инспекциите до сега биле ограничени само на објекти кои не биле погодени и го обвини МААЕ дека подлегнала на притисок од западни сили. „Нереално е, непрофесионално и неправедно што вршат притисок врз нас поради влијанието од Израел и САД“, рече Еслами, додавајќи дека Техеран уште минатиот септември побарал забрана за воени напади врз нуклеарни објекти, но барањето било игнорирано и исклучено од дневниот ред на Генералната конференција на агенцијата.

Коментарите на Еслами следуваа по изјавата на генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, кој во вторникот предупреди дека спорот околу инспекциите „не може да трае вечно“. Сепак, Гроси не се осврна директно на нападите, ниту прецизно го објасни протоколот за проверка на објекти погодени од бомби.

„Пристапот до локации кои биле нападнати бара посебен протокол. Кога постојат воени напади и еколошки ризици, тоа мора да се дефинира и да се постават јасни упатства“, изјави Еслами, нагласувајќи дека Иран чека јасно ставување на МААЕ за улогата на агенцијата во вакви инциденти.

Според последните информации, МААЕ успеала да ги инспектира сите 13 објекти кои не биле цел на нападите, но сè уште не добила пристап до три клучни постројки погодени во јуни — Натанц, Фордо и Исфахан.

Next Post
polska

Полска испраќа стотици генератори и грејни тела за помош на Украина

Оне Македонија“ официјално трет мобилен оператор во земјата, доби 5Г-лиценца

Препорачани Вести

Во прилепско пронајдена граната

10 months ago

Комитетот за национални малцинства одлучи да не прифати проекти од интерес на Македонците во Република Албанија

9 months ago

Популарни Вести

  • Две трагедии, ист проблем: институционалните пропусти зад Кочани и Кран Монтана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Законот за системот „Safe City“ усвоен на денешната собраниска седница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Македонска пошта“: Обезбедена е плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го поставува Донбас како „црвена линија“ пред разговорите во Абу Даби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Берлин се врти кон Рим: Новата европска оска Мерц–Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.