Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп со жестока критика кон НАТО: „Вашите трупи беа надвор од вистинската борба во Авганистан“

by Simovski
23.01.2026
in Свет
trump

Разговарајќи со медиумите, американскиот претседател Доналд Трамп упати нови критики кон сојузниците од НАТО, тврдејќи дека за време на 20-годишниот конфликт во Авганистан, војниците на Алијансата „останале настрана, далеку од вистинската линија на фронтот“.

Трамп изрази сомнеж дека НАТО би реагирал за да ги брани САД во случај на напад, посочувајќи дека иако некои сојузници испратиле војници во Авганистан, нивната улога била ограничена. „Никогаш не ни требаа на вистинскиот фронт“, рече тој, додавајќи дека Соединетите Американски Држави мораат да бидат „многу добри кон Европа и другите земји, но тоа мора да биде двонасочна улица“ изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Статистиките покажуваат дека вкупно 3.486 војници на НАТО загинале во Авганистан, од кои 2.461 биле Американци. Велика Британија претрпела 457 загуби, Канада 165, а Италија, Германија, Франција и Данска исто така запишале смртни случаи.

Особено остри зборови Трамп упати кон Данска, нарекувајќи ја „неблагодарна“ за американската заштита за време на Втората светска војна и за сегашното распоредување во Авганистан.

На овие тврдења реагираше генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој потенцираше дека сојузничките земји секогаш биле подготвени да ги поддржат САД и дека цената платена во Авганистан е висока. „Можете да бидете апсолутно сигурни дека ако САД бидат нападнати, сојузниците ќе застанат покрај вас“, рече Руте, пренесува „Гардијан“.

Трамп, пак, предложи тестирање на НАТО преку клаузулата за заедничка одбрана, сугерирајќи дека САД треба да проверaт како ќе реагираат сојузниците на безбедносни закани, со цел да се оцени нивната вистинска спремност.

Next Post
orban

Орбан реагира остро на критиките на Зеленски: „Нема да плаќаме за Украина“

Хорор во Скопје: Малолетник турнат во багажник поради снежни топки

Препорачани Вести

Полицијата во изминатите два дена напишала 1425 казни, еве за што најмногу се казнувало

Полицијата во изминатите два дена напишала 1425 казни, еве за што најмногу се казнувало

9 months ago

Израелската војска изведе три големи бранови напади врз Иран во последните 24 часа

7 months ago

Популарни Вести

  • Повеќе од екран: Магијата на “S Pen“ пенкалото и практични гестови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оне Македонија“ официјално трет мобилен оператор во земјата, доби 5Г-лиценца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска испраќа стотици генератори и грејни тела за помош на Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен полицаец – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран бара од МААЕ да го осуди нападот пред да дозволи инспекции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.