Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Трамп во судска пресметка со банкарскиот гигант: Тужба против Џеј Пи Морган Чејс и извршниот директор Џејми Дајмон

by Simovski
23.01.2026
in Економија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, влезе во отворен судир со една од најмоќните американски банки – Џеј Пи Морган Чејс. Во тужба поднесена пред државен суд во Флорида, тој бара најмалку пет милијарди долари отштета, тврдејќи дека банката незаконски и политички мотивирано ги прекинала нивните деловни односи, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Во судските документи се наведува дека сметките на Трамп и на компаниите поврзани со него биле затворени набргу по немирите од 6 јануари 2021 година во Капитолот, како и по неговото заминување од Белата куќа, откако беше потврден изборниот пораз од Џозеф Бајден. Според тужбата, ваквиот потег дошол без никакво образложение, и покрај фактот што Трамп со децении бил клиент на банката.

Правниот тим на Трамп тврди дека одлуката не била деловна, туку идеолошка – резултат на, како што се наведува, „политички и социјални притисоци“ и желба на банката јавно да се дистанцира од конзервативните ставови и политичкиот имиџ на поранешниот претседател.

Од Џеј Пи Морган Чејс остро ги отфрлаат овие обвинувања. Во нивната реакција се наведува дека затворањето на сметките било спроведено исклучиво во согласност со американските регулаторни правила и дека тужбата „не почива на никаква правна основа“.

Во меѓувреме, извршниот директор на банката, Џејми Дајмон, се појави на Светскиот економски форум во Давос, каде внимателно ги бираше зборовите кога станува збор за Трамп. Единствената директна критика, како што пренесува Си-Ен-Ен, се однесуваше на идејата на актуелниот американски претседател за ограничување на каматните стапки на кредитните картички на 10 проценти во период од една година.

Дајмон предупреди дека ваквата мерка би имала сериозни последици, нарекувајќи ја „економска катастрофа“. Според него, ограничувањето би довело до драстично намалување на достапноста на кредити, што директно би ја погодило потрошувачката и нормалното функционирање на финансиските услуги низ САД.

Next Post
Берлин се врти кон Рим: Новата европска оска Мерц–Мелони

Берлин се врти кон Рим: Новата европска оска Мерц–Мелони

„Македонска пошта“: Обезбедена е плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран

Препорачани Вести

МВР ја контролираше ситуацијата: куферот пред ВМРО-ДПМНЕ не содржел опасни материјали

4 months ago
Масовен прекин на струја во Мексико: 2,2 милиони луѓе останаа без електрична енергија

Масовен прекин на струја во Мексико: 2,2 милиони луѓе останаа без електрична енергија

4 months ago

Популарни Вести

  • One Macedonia доби официјална лиценца, со што започнува значаен пресврт во дигиталната иднина на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новата измама што краде WhatsApp сметки преку фишинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските и регионалните превозници најавуваат блокада на граничните премини со земјите од ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ристовски во интервју за Канал 5: Министерството за спорт создава стабилна основа за развој на македонскиот спорт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата заплени два килограми дрога во Валандовско, четворица приведени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.