Најновиот предлог-закон за воведување на системот „Безбеден град“ е насочен кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на животите на граѓаните, а не само како сет на казни, велат од граѓанската иницијатива „Вреди“. Според нив, целта е да се намалат трагичните последици на патиштата и да се постави акцент на редот и одговорното однесување, а не на само на употребата на камери.
Од „Вреди“ истакнуваат дека законот кој сега се разгледува во Собранието треба да создаде систем што ќе штити животи и ќе им даде приоритет на безбедни патишта каде што нема да се губат најблиските поради несоодветно однесување на учесниците во сообраќајот. Велат дека човековиот живот не може да се сведе на бројки или политички пресметки и дека безбедноста треба да преовладува над дневните интереси.
Во соопштението од „Вреди“ се нагласува и дека сите акти што ќе ги издаде Министерството за внатрешни работи ќе бидат подготвени и објавени на јазикот утврден со закон и Устав, вклучително и на албански јазик, со цел да се почитуваат јазичните права на граѓаните.
Иницијативата ги повикува пратениците да го гледаат овој закон надвор од партиските интереси и да гласаат за подобрување на безбедноста на патиштата, истакнувајќи дека безбедниот сообраќај е општ интерес и одговорност на целото општество.










