Saturday, January 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Берово утринава најстудено, 30 сантиметри снег измерени на Попова Шапка

by Redakcija
24.01.2026
in Република

Со температура од минус 4 степени Целзиусови, Берово утринава во 7 часот беше најстуденото место во државата. По него следуваат Попова Шапка и Крива Паланка, каде се измерени минус 3 и минус 2 степени. Минусни температури се регистрирани и во Пожаране и Тетово со минус 2, додека минус 1 степен е измерен во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови.

Температура од 0 степени е измерена во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Прилеп. Еден степен над нулата е забележан во Крушево, Штип, Охрид и Виница, додека 2 степени се измерени во Куманово и Гевгелија. Најтопло утринава било во Струмица со 3 степени Целзиусови.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, највисока снежна покривка од 30 сантиметри е измерена на Попова Шапка. Во Маврови Анови снежната покривка изнесува 11 сантиметри, а во Крушево 4 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со појава на магла во утринските часови по одделни котлини. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен југоисточен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 8 и 12 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со магла, а попладне со сончеви периоди. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 7 степени Целзиусови.

Next Post
bolnica

Трагедија во Велес: Починато шестгодишно дете донесено во болница

Суперлигата се враќа: Пелистер и Работнички во фокусот на 12. коло

Препорачани Вести

Мистериозни смртни случаи во Русија: Веќе 19 високи функционери мртви под сомнителни околности

Мистериозни смртни случаи во Русија: Веќе 19 високи функционери мртви под сомнителни околности

5 months ago
ГАЛЕРИЈА: Мјанмар после земјотресот, фотографии кои ќе ви ја расплачат душата – Бројката на загинати надмина 1.700

ГАЛЕРИЈА: Мјанмар после земјотресот, фотографии кои ќе ви ја расплачат душата – Бројката на загинати надмина 1.700

10 months ago

Популарни Вести

  • Русија повторно напаѓа во Украина: 80% од земјата без струја по ноќните ракетни удари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажен лекар од Словенија измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве колку пари се казните на патиштата: Четири прекршоци под надзор на „Сејф сити“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во центарот на Тетово – МВР со детали за настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска – Кочоска: Доверба во економските политики – ‘Стандард и Пурс’ ја потврди оценката на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.