На 23 јануари 2026 година, околу 11:00 часот, на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ф. (55) од Скопје, кој има германско државјанство.
При граничната контрола било утврдено дека лицето е барано со потерница издадена од Секторот за меѓународна полициска соработка Тетово. М.Ф. е предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.










