Saturday, January 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Од понеделник блокада за товарниот сообраќај на граничните премини

by Redakcija
24.01.2026
in Економија

Од понеделник најавен е прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне на 26.01.2026 година од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.
Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила, односно со затворање на коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено на сите гранични премини. Според најавата на организаторот, протестот е предвидено да трае до седум дена, со можност да биде прекинат и порано, доколку во меѓувреме дојде до надминување на причините поради кои е организиран.

Министерството за внатрешни работи, во согласност со своите законски надлежности, ќе преземе соодветни мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир, како и за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај, со посебен акцент на движењето на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки.
МВР апелира до граѓаните и до превозниците навремено да се информираат за состојбата на граничните премини, да ја следат официјалната комуникација и, доколку е потребно, да користат алтернативни гранични премини.

Next Post

31. Конгрес на СДСМ: Изборен отчет, кадровски прашања и статутарни интервенции

Уапсен возач од Куманово, запленети над пет килограми марихуана

Препорачани Вести

Поскапуваат горивата: Ова се новите цени на горивата од полноќ

Поскапуваат горивата: Ова се новите цени на горивата од полноќ

10 months ago

Божиќна честитка од ВЛЕН: Мир, заедништво и почит за сите граѓани

2 weeks ago

Популарни Вести

  • Полицајци нападнати во Кичево – МВР со брза реакција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредна состојба во 16 држави во САД, Трамп: Чувајте се и останете на топло!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • dmBio базна каша – брз, лесен и органски појадок за здрав почеток на новата година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прилеп лидер во селекцијата на отпад, подготвен за старт на Регионалната депонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со пиштол пукал во паркиран автомобил – поднесена кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.