Saturday, January 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Прилеп лидер во селекцијата на отпад, подготвен за старт на Регионалната депонија

by Redakcija
24.01.2026
in Република

Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија.

Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи на урбанизиран Собирен центар за отпад по европски терк. Таму граѓаните ќе го носат сиот отпад што не го собира претпријатието.

– Собирниот центар за граѓаните, за бизнис секторот ќе значи еден комплекс каде сите самоиницијативно ќе може да донесат различни видови отпад кој не го собира комуналното претпријатие: санитарија, дограма, отпадни гуми, електричен и електронски отпад. Собирниот центар кој ќе се урбанизира е европски принцип на градба, ќе биде по принципот на боксови, контејнери од 5 кубни метри и прес-контејнери – објаснува Лилјана Силјаноска, лице за односи со јавност во ЈКП „Комуналец“ од Прилеп.

Селекцијата е клучна за новата Регионална депонија.

– Кога ќе почне да функционира Регионалната депонија за управување и депонирање на отпадот, комуналното претпријатие ќе плаќа за сиот отпад што таму ќе се транспортира и депонира. Колку отпадот е поселектиран, цената ќе биде пониска и обратно. Затоа е клучна селекцијата. Цените ќе ги одредува Регулаторна комисија -појасни Силјаноска.

Напролет ќе профункционира и Фабриката за селекција на отпадот кај постојната градска депонија. Во државава се потребни повеќе рециклирачки центри за да се откупува отпадот, па да се извезува.

– Сите овие проекти што се во тек или во завршна фаза или реализирани или во форма на техничка документација ќе значи дека општина Прилеп мора да биде подготвена со реализирани и изградени проекти до отворањето на идната Регионална депонија. Да потсетиме, Прилеп ќе има претоварен центар за четирите општини: Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево – вели Силјаноска.

Дневно во Прилеп се собираат 60 до 80 тони отпад, а годишно околу 30.000 тони, а околу 1.000 тони отпаден материјал се продава.

Next Post

dmBio базна каша - брз, лесен и органски појадок за здрав почеток на новата година

Зеленски шокиран: Трамп открива дека Путин се понудил да помогне

Вонредна состојба во 16 држави во САД, Трамп: Чувајте се и останете на топло!

Препорачани Вести

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишен од слобода турски државјанин

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишен од слобода турски државјанин

4 months ago
Дали се ова најлошите вести за Украина и Зеленски? Новиот руски напад откри застрашувачки податоци

Германија ќе ѝ испорача уште два „Патриот“ системи на Украина, за возврат добива најнова верзија од САД

6 months ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Коњановски најавува подобрување на патната и комуналната инфраструктура кон Копанки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во центарот на Софија: Пожар предизвикан од маж повреди пет лица и одзеде живот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без руски гас, Германија ризикува пад на економијата, предупредува поранешниот канцелар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СКАП КВАДРАТ, НИЗОК КВАЛИТЕТ: Како новоградбите во Скопје стануваат синоним за проблеми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Романија ја затвори вратата за обединување: Крај на шпекулациите за приклучување на Молдавија кон ЕУ преку Букурешт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.