Четириесет и петгодишна жена загина, а пет лица, меѓу кои три деца, се повредени во пожар што избувна во станбена зграда во центарот на Софија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.
Според Службата за итни случаи, повредените се едно деветгодишно момче и две девојчиња на 2 и 11 години, кои се хоспитализирани поради интоксикација со чад. Дополнително, маж на 41 година и жена на 71 година се примени во Военомедицинската академија поради слични повреди.
Пожарот, кој избувнал синоќа, бил предизвикан од ментално растроен маж. Тој е приведен и се очекува да биде сместен во психијатриска установа.










