Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Вонредна состојба во 16 држави во САД, Трамп: Чувајте се и останете на топло!

by Redakcija
24.01.2026
in Свет
Зеленски шокиран: Трамп открива дека Путин се понудил да помогне

Соединетите Американски Држави се соочуваат со еден од најсилните студени бранови оваа зима, поради што во најмалку 16 сојузни држави е прогласена вонредна состојба. Претседателот Доналд Трамп изјави дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) е целосно подготвена да реагира на очекуваната зимска бура.

Преку својата социјална мрежа Truth Social, Трамп информираше дека администрацијата е во постојана координација со државните и локалните власти и упати апел до граѓаните: „Чувајте се и останете на топло!“.

Според метеоролошките служби, бурата ќе донесе обилни снежни врнежи, замрзнат дожд и екстремно ниски температури, кои ќе зафатат околу две третини од источниот дел на земјата. Се очекуваат сериозни нарушувања во снабдувањето со електрична енергија, како и значителни проблеми во патниот и воздушниот сообраќај, објави Ројтерс.

Големите американски авиокомпании веќе ги предупредија патниците за можни доцнења и откажувања на летови поради наглите временски промени.

Вонредна состојба е прогласена во Алабама, Арканзас, Џорџија, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мериленд, Мисисипи, Мисури, Њу Џерси, Њујорк, Северна Каролина, Јужна Каролина, Тенеси, Тексас и Вирџинија, а истата мерка ја презеде и главниот град Вашингтон, објави ABC.

Next Post

Полицајци нападнати во Кичево - МВР со брза реакција

Костовска сигурна во групата, чекор до медал на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул

Препорачани Вести

Судири пред Владата во Тирана: Демонстрантите и полицијата лице в лице на протестот

2 weeks ago
Вучиќ нарече новинарка на РТС „имбецил“, а потоа се извини

Вучиќ предупредува: Светот се подготвува за војна

4 months ago

Популарни Вести

  • kostadinka palazova

    Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.