Sunday, January 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

МВР денес со зголемено присуство во Тетово и Куманово – ќе се тестираат камерите од „Безбеден град“

by Уредник
25.01.2026
in Република

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на поставените камери од проектот „Безбеден град“ во подрачјето на градовите Куманово и Тетово, како дел од подготвителните активности пред официјалното пуштање во употреба на системот.


Според известувањето од МВР, активностите ќе се реализираат од 08:00 до 20:00 часот, а на секоја локација со поставени камери постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае околу 15 до 30 минути. За време на тестирањето на конкретните локации, сообраќајот ќе биде привремено запрен, а по завршувањето на проверката ќе продолжи нормално да се одвива.


Оваа фаза е дел од пилотниот период на системот „Безбеден град“, кој веќе беше во пробна фаза во Скопје и се очекува да почне со наплата на казни од 1 февруари 2026 година откако ќе завршат тестирањата и усогласувањата.


Целта на проектот е да се подобри безбедноста во сообраќајот преку автоматско детектирање на прекршоци како пречекорување на брзината, минување на црвено светло и други повреди на правилата, а сопствениците на регистрирани возила ќе добиваат известувања за прекршоците.


МВР ги повикува граѓаните и возачите да покажат разбирање и соработка за непречено спроведување на овие активности, како и да ги почитуваат привремените ограничувања на сообраќајот за време на тестирањето.

Next Post

(ВИДЕО) Ескалација на протестите во Тирана: молотови коктели, судири со полицијата и повредени

Нови обилни дождови од ноќеска: Можни поплави, зголемен водостој и предупредувања за Македонија

Препорачани Вести

Лимани: Најмалку четири пратеници од Алијанса за Албанците остануваат во владејачкото мнозинство

9 months ago

Србија: 18 годишно момче рано утрово околу 3 часот е убиено пред ресторан

3 weeks ago

Популарни Вести

  • Пал Заранди: Со влезот на One Macedonia ќе се активира конкуренцијата, граѓаните да внимаваат на двегодишни договори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвав судир на навивачите на Хајдук и Црвена Звезда во Тузла – над 90 уапсени и десетици повредени (Видео и ФОТО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Видео: Холандски авантурист скокна во ледена река на –52 степени во Сибир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во Скопје: Едно лице загина, двајца тешко повредени во сериозна сообраќајна несреќа во автокоманда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД во ледена катастрофа: рекорден студ и снежна блокада за стотици милиони луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.