Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Најпознатиот ТикТокер во светот Каби Лејм го лиценцираше својот лик за речиси 1 милијарда долари: AI аватар ќе го заменува ТикТокерот

by Уредник
25.01.2026
in Магазин

Најпопуларниот TikToker во светот, Каби Лејм, склучи еден од најголемите договори во историјата на дигиталните инфлуенсери – за период од три години го лиценцираше својот лик и бренд за сума која се проценува меѓу 900 и 975 милиони долари.


Комерцијалните права за користење на имиџот на Каби Лејм ги откупи компанијата Rich Sparkle Holdings, која ќе користи напреден AI дигитален аватар наместо негово постојано лично учество. Вештачката верзија на Лејм ќе може самостојно да креира содржини, да води реклами, да промовира производи и да реализира повеќејазични livestream настани 24/7, низ различни временски зони.


За да се реплицира неговиот препознатлив стил, системот ќе ги користи неговото лице, глас и однесувачки модели, со што аватарот ќе реагира и комуницира слично како вистинскиот Каби Лејм.
И покрај огромната сума, Лејм не се откажува целосно од контролата – тој задржува значителен управувачки удел во компанијата.

Аналитичарите проценуваат дека приходите од livestream трговија, реклами и бренд-производи со AI ликот на Лејм би можеле да достигнат и до 4 милијарди долари годишно.


Договорот отвора ново поглавје во дигиталната економија и поставува сериозни прашања за иднината на инфлуенсерството: дали AI аватарите ќе ги заменат луѓето – и колку вреди еден дигитален идентитет?

Next Post

(ВИДЕО) Погледнете како службите во Филаделфија со воена прецизност во формација се борат со снежниот хаос

Од „црна листа“ до почесен гостин: Милорад Додик поканет на молитвениот појадок во Вашингтон

Препорачани Вести

Четири сериозни сообраќајки во Македонија: Повредени повеќе лица во Скопје, Битола и Гевгелија

2 months ago

Илјадници работници во лондонското метро штрајкуваат поради платите и работните услови

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.