Во Бања Лука, Босна и Херцеговина, полицијата приведе 49-годишен маж поради сериозни сомнежи дека со години ги злоставувал своите две ќерки, на возраст од 6 и 8 години, соопштуваат истражните органи. Сообраќајната полиција и Окружното јавно обвинителство ја водат истрагата, според која мажот се товари за кривично дело сексуална злоупотреба на дете под 15 години.
Апсењето се случило средината на јануари, откако истражителите собрале докази што укажуваат на долготрајна злоупотреба на малолетните деца. Заедно со него е приведена и мајката на девојчињата, под сомнение дека била свесна за злоставувањето и го прикривала, без да го пријави случајот кај надлежните институции.
Дополнително, истрагата открила дека девојчињата не биле запишани во основно училиште, иако постарата веќе требало да учи, што укажува на можни форми на долготрајно занемарување и изолација.
Судијата на Окружниот суд им одреди едномесечен притвор на двајцата родители, додека истражителите продолжуваат да ја прошируваат истрагата и да ги утврдат сите околности околу злоставувањето.
По приведувањето, двете девојчиња се сместени на безбедно место, каде што им се обезбедени социјална и психолошка поддршка, јавуваат босанските медиуми.










