Американскиот носач на авиони „USS Abraham Lincoln“ пристигна во регионот на Блискиот Исток и е распореден во близина на Иран, пренесуваат израелските медиуми. Овој потег се смета за дел од засиленото воено присуство на САД во регионот, во услови на зголемени тензии.
Покрај распоредувањето на носачот на авиони, САД најавија и одржување на обемни воздушни воени вежби кои ќе се реализираат во неколку земји од Блискиот Исток во наредните денови. Според информациите, во вежбите ќе учествуваат борбени авиони и други воздушни капацитети, со цел зајакнување на координацијата и подготвеноста со сојузниците во регионот.
Официјални детали за сценариото и точните локации на вежбите засега не се соопштени, но безбедносните аналитичари оценуваат дека активностите испраќаат јасна порака за американската воена присутност и одвраќање во Блискиот Исток.










