Monday, January 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Денеска најавен е прекин на товарниот сообраќај на граничните премини

by Redakcija
26.01.2026
in Македонија

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне денеска (26.01.2026) од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.
Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила, односно со затворање на коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено на сите гранични премини. Според најавата на организаторот, протестот е предвидено да трае до седум дена, со можност да биде прекинат и порано, доколку во меѓувреме дојде до надминување на причините поради кои е организиран.

Министерството за внатрешни работи, во согласност со своите законски надлежности, ќе преземе соодветни мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир, како и за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај, со посебен акцент на движењето на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки.
МВР апелира до граѓаните и до превозниците навремено да се информираат за состојбата на граничните премини, да ја следат официјалната комуникација и, доколку е потребно, да користат алтернативни гранични премини.

Next Post
eu indija

ЕУ и Индија потпишаа нов договор за стратешко партнерство

Американски носач на авиони распореден во близина на Иран, САД најавија воздушни вежби на Блискиот Исток

Препорачани Вести

Важни информации за возачите: Еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија

Важни информации за возачите: Еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија

5 months ago

Британија: Не му веруваме на Путин, но ја поддржуваме Украина во преговорите за мир

6 months ago

Популарни Вести

  • Охрид на мапата на имплантологијата: Разговор на emagazin со спец. д-р Небојша Баткоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Пробиштип со јавна презентација за Програмата за урбана опрема за 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Неважни луѓе“: Вучиќ ја понижи делегацијата на ЕП, но Србија не се откажува од ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада меѓу САД и Кина: Договорот со Кина предизвикува аларм во Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сообраќајна несреќа во тетовско помеѓу три возила – тешко повредени се три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.