Денеска во Собранието ќе се одржи значајна презентација посветена на европските приоритети на Кипар, кој од јануари до јуни 2026 година ќе го претседава со Советот на Европската Унија. Амбасадорот на Република Кипар во Македонија, Н.Е. Андреас Фотиу, ќе ги претстави клучните програми и насоки на кипарското претседателство, со цел да се поттикне дијалог за евроинтеграциските процеси.
Настанот се организира пред членовите на собраниската Комисија за евроинтеграции и ќе се одржи во соработка со Националниот совет за евроинтеграции. На презентацијата се поканети и пратениците од Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, како и членовите на Мешовитиот парламентарен комитет РМ–ЕУ, што дополнително ја нагласува важноста на темата за европската перспектива на земјата.









