Monday, January 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Охрид пред клучен тест: На 1 февруари следи отчет пред УНЕСКО

by Уредник
26.01.2026
in Република

Македонија има последен рок до 1 февруари 2026 година да достави извештај пред Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за тоа колку е напреднато спроведувањето на препораките за заштита на природното и културното наследство во Охридскиот Регион.


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изјави дека е формиран кризен штаб што работи на препораките и дека е сработено многу, но дека е важно да се продолжи со активностите и координацијата со Албанија, бидејќи документот што ќе биде доставен на 1 февруари ќе покаже колку институциите навистина ги спроведуваат мерките.


Оваа обврска следи откако УНЕСКО му даде уште една година шанса на Охрид да не биде впишан на Листата на светското наследство во опасност, но тоа е под услов двете држави – Македонија и Албанија – да покажат конкретни резултати од досега преземените активности.


Комисијата на УНЕСКО претходно побара поправни мерки што вклучуваат подобро управување со урбанизацијата, заштита на езерото и културните вредности, задржување на клучните атрибути на регионот и прилагодување на просторното планирање.


Од извештајот што ќе го оцени УНЕСКО ќе зависи дали Охрид ќе ги задржи статусот на светско природно и културно наследство без да се најде на „црната листа“ на загрозени локалитети.

Препорачани Вести

Нова арктичка рута го скратува патот до Европа: Кинеските контејнери ќе стигнуваат побрзо за 22 дена

4 months ago

Уапсен полицаец од интервентната единица – еве што сторил!

5 months ago

Популарни Вести

  • Охрид пред клучен тест: На 1 февруари следи отчет пред УНЕСКО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса на Таравари со правна битка против одлуката за “Безбеден град”– ќе следи жалба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови тензии во САД: Администрацијата на Трамп под притисок по убиството во Минеаполис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автобус со 21 патник од Бугарија се запали на турската граница, патниците се евакуираат, деталите нејасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватите не се откажуваат: Швајцарија падна, полуфиналето сè уште е можна опција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.