Вчера (25.01.2026) во 22:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во близина на влез за с.Непроштено, се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувани од Е.С.(25) од с.Слатино, А.И.(55) од с.Доброште и А.Ј.(19) од с.Слатино.
Како што информираат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.С. и неговиот сопатник Б.С.(36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.
Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и Ш.В.(45) од с.Доброште, сопатничка во возилото „голф“ управувано од А.И., кој се здобил со телесни повреди.
Со телесни повреди се здобил и возачот А.Ј. од с.Слатино, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител, додаваат од МВР.










