Tuesday, January 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Австралија под топлотен бран додека Америка се бори со снежната бура

by Simovski
27.01.2026
in Свет
sonce

За разлика од снежните бури и температури далеку под нулата во северната хемисфера , југоисточна Австралија се соочува со невиден топлотен бран. Во Јужна Австралија термометрите достигнаа неверојатни 48,5 степени Целзиусови, а метеоролозите предупредуваат дека ризикот од пожари е екстремен и за останатите региони на континентот.

Не само Јужна Австралија е на удар – во списокот на региони со критична топлина се и Викторија, Нов Јужен Велс, Квинсленд, Тасманија, Северната Територија и Австралиската престолнинска територија. „Вакви температури не паметиме во последните две децении“, истакнува Тим Вибуш, комесар за вонредни состојби во Викторија.

Екстремната топлина ја промени и традицијата: прославата на Националниот ден на 26 јануари беше откажана на голем број места, а тој ден, кој го означува пристигнувањето на британската флота, е истовремено и чувствителен за домородните заедници кои го доживуваат како почеток на колонизацијата.

Најтопло се очекува денес, со температури над 40 степени на многу локации. Во Мелбурн, каде што се игра Гренд слем турнир, термометрите ќе покажат до 43 степени Целзиусови.

Ова не е прв топлотен удар годинава – на почетокот на јануари југоисточна Австралија веќе регистрираше преку 40 степени во повеќе држави. Во Викторија тоа резултираше со разорни пожари, стотици уништени домови и една загубена човечка жртва.

Научниците предупредуваат: климатските промени го зголемуваат ризикот од вакви екстреми. Според студијата на World Weather Attribution, почетниот топлотен бран оваа година бил пет пати поверојатен поради човековото влијание врз климата. „Екстремните топлотни бранови отсекогаш постоеле, но сега се многу почести и посилни од порано“, вели климатологот Сара Перкинс-Киркпатрик.

Дури и феноменот Ла Ниња, кој обично носи олади, не може да ја намали силата на овој топлотен бран. Австралијците се соочуваат со една од најтешките температурни кризи во последните две децении, додека пожарите и климатските катастрофи стануваат сè почести и посилни.

Next Post
kamioni

Македонските и регионалните превозници втор ден ги блокираат границите

Сообраќајот на државните патишта тече непречено, но внимателно поради влажни коловози и зимски услови

Сообраќајот на државните патишта тече непречено, но внимателно поради влажни коловози и зимски услови

Препорачани Вести

ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ И МОЛИТВА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО НАЦИОНАЛНАТА ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ НА 30 МАРТ ВО ЕПИНГ

10 months ago

„НЕОПХОДНА Е ПРОМЕНА ЗА ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ“: Македонска асоцијација за рударство на вонредна седница ќе го менува раководството

8 months ago

Популарни Вести

  • Армијата добива 42 моќни борбени „Страјкери“ од САД

    Армијата добива 42 моќни борбени „Страјкери“ од САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите да внимаваат – Опасен производ за доенчиња на пазарот во Македонија 

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски најавува ред и еднакви можности во Пробиштип со новата програма за урбана опрема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заврши зимскиот цензус на водните птици во земјава: Дојранско Езеро со стабилни бројки, а на Преспанско и Охридско бележиме флуктуации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Струмичко под вода по вчерашниот дожд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.