Tuesday, January 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Иран отворен за дијалог откако САД ја засилија воената присутност на Блискиот Исток, тврди Трамп

by Simovski
27.01.2026
in Свет
Иран отворен за дијалог откако САД ја засилија воената присутност на Блискиот Исток, тврди Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Техеран покажува подготвеност за дијалог со Вашингтон, откако САД значително го засилија своето воено присуство во близина на Иран. Во интервју за порталот „Аксиос“, Трамп изјави дека испраќањето на моќна американска флота во регионот имало јасен ефект врз иранското раководство.

„Ситуацијата се менува. Испративме огромна флота на Блискиот Исток. Имаме силна армада веднаш до Иран — поголема дури и од онаа што ја имаме кај Венецуела. Тие сакаат договор. Сигурен сум во тоа. Неколкупати се јавија. Сакаат разговори“, нагласи Трамп.

Во меѓувреме, Централната команда на американската војска (CENTCOM) потврди дека борбена група предводена од носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ пристигнала во зоната на нејзина одговорност, која го опфаќа Блискиот Исток, вклучително и Иран. Носачот моментално се наоѓа во Индискиот Океан, а според соопштението, мисијата има цел да ја зајакне регионалната безбедност и стабилност.

Иако реториката од Белата куќа е остра, „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека Трамп сè уште нема донесено конечна одлука за можна воена ескалација во регионот.

Потсетување дека за време на неодамнешните протести во Иран, американскиот претседател јавно застана на страната на демонстрантите и упати директни закани кон иранските власти, предупредувајќи дека продолжувањето на репресијата може да доведе до американска воена интервенција. Ова дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји, во период кога Блискиот Исток повторно станува жариште на глобалната геополитика.

Next Post
Франција воведе забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години

Франција воведе забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години

sonce

Австралија под топлотен бран додека Америка се бори со снежната бура

Препорачани Вести

Доминикана: Се урна покрив на ноќен клуб: Најмалку 13 лица загинаа

10 months ago

Ѓорѓиевски: По 30 години, конечно започна реконструкцијата на патот кон Пеленица

7 months ago

Популарни Вести

  • solarni paneli

    25 милиони евра за поддршка за енергетска трансформација на 300 компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп ја стартува “Е-даноци“, олеснување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен македонски државјанин за тројното убиство кое ја потресе Македонија во 2007 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија со новото вооружување ја изменува европската рамнотежа на моќта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Татко со нож нападна син во семејниот дом во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.