Tuesday, January 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонските и регионалните превозници втор ден ги блокираат границите

by Simovski
27.01.2026
in Македонија
kamioni

Граничните премини во Македонија денеска и денес се под блокада за товарен сообраќај, откако македонските камионски превозници заедно со колегите од Западен Балкан започнаа седумдневен протест. Причината е воведувањето на електронската евиденција за престој во Шенген-зоната, која од април годинава ќе се применува според правилото 90/180 дена.

Според превозниците, новиот ЕЕС систем ги става во нерамноправна положба во однос на возачите од земјите-членки на Европската унија, кои нема да се соочуваат со исти ограничувања. Тие бараат посебен статус и да не се третираат како туристи при влез во Шенген-зоната, за да може нивниот професионален транспорт да продолжи непречено.

„Нашата цел не е да ја сопреме домашната економија, туку да покажеме што може да се случи ако проблемот не се реши. Кога на блокадата ќе се приклучат и други земји, како Турција, ќе имаме над милион тони стока што ќе остане блокирана. Тоа треба да биде јасен сигнал за сите,“ изјави Билјана Муратовска од асоцијацијата „Макам-транс“.

И покрај блокадата на товарниот сообраќај, патничкиот сообраќај на граничните премини се одвива нормално. Превозниците, сепак, предупредуваат дека долготрајни блокади не се одржливи и дека штетата за домашните производители и граѓани ќе расте, па доколку не се постигне договор, ќе бидат разгледани и други форми на притисок.

Муратовска потсети дека Македонија има потпишано билатерални договори со повеќе земји во регионот, кои овозможуваат слободно движење на товарниот транспорт. Дополнително, според превозниците, нема економска логика за ангажирање по двајца возачи по камион, особено во време на сериозен недостиг од професионални возачи.

Next Post
Сообраќајот на државните патишта тече непречено, но внимателно поради влажни коловози и зимски услови

Сообраќајот на државните патишта тече непречено, но внимателно поради влажни коловози и зимски услови

mark rute

Руте: Европа не може да се брани без САД, а посебна европска армија е илузија

Препорачани Вести

Славески: Домашниот пазар стабилен, транспортот ја крена инфлацијата

3 weeks ago

Инцидент на Попова Шапка – МВР до детали од настанот

1 week ago

Популарни Вести

  • Две одделни заплени на марихуана во Скопје во рок од неколку часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златото ја качи вредноста на 5.000 долари за унца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп ја заострува трговската политика кон Јужна Кореја: Царини до 25% на автомобили и фармацевтика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбан обвинува: Украина се меша во унгарските избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈКП „Шар“ Тетово со известување до граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.