Во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, премиерот Христијан Мицкоски зборуваше за проектот „Сејф Сити“ и неговата цел во поглед на безбедноста во сообраќајот. Мицкоски посочи дека за идејата стои цврсто, дури и по цена политички да се плати.
Претседателот на Владата истакна дека проектот не е осмислен за заработка преку казни, туку за заштита на човечки животи.
„Целта не е да се наплатат казни. Затоа што како прво има толеранција, ако се вози 5 километри повеќе, нема да има казни. Ако возите повеќе од 10, ќе бидете казнети. Но, повторно ќе кажам целта не се казни, туку да се делува едукативно и превентивно. Ако треба оваа влада да падне за Сејф Сити, а потоа да дојде друга влада и да го укине, и да вози кој како си сака, тогаш во ред, подготвен сум тој ризик да го понесам“, изјави Мицкоски.








