Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека постои можност земјите од Западен Балкан да се интегрираат во Европската Унија во забрзана постапка, паралелно со Украина, како дел од мировниот процес за прекин на војната во таа земја.
Во гостувањето на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина, Вучиќ потенцираше дека во иднина границите меѓу државите може да станат помалку важни, доколку сите земји од регионот се приклучат „на Европската Унија или на некаков вид полуевропска Унија“.
Вучиќ објасни дека се разгледува посебен пристап за Украина, кој би овозможил земјата да стане членка од 1 јануари 2027 година. Според него, истата логика би можела да важи и за државите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од ЕУ.
„Се борев за ова не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и Македонија“, нагласи Вучиќ.
На прашањето колку е реална оваа перспектива, тој одговори отворено: „Не сум сигурен, но не би ја исклучил таа можност“.










