Дали знаевте дека…Државниот архив чува писмо од охридскиот архиепископ Гаврил, испратено до надвојводата Фердинанд Хабсбуршки на 8 октомври 1587 година.
Во писмото, архиепископот бара помош за Охридската архиепископија и дозвола да отпатува во Рим кај папата Сикст V, со цел создавање сојуз за ослободување на христијаните од турското ропство.
Посебна вредност на документот му дава и оригиналниот печат на Охридската архиепископија од XVI век, кој претставува редок и автентичен доказ за нејзината духовна, политичка и дипломатска улога низ историјата.











