Tuesday, January 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Родителите да внимаваат – Опасен производ за доенчиња на пазарот во Македонија 

by Redakcija
27.01.2026
in Македонија

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено  е маслото ARA.

Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарт во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.

Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле.

Во однос на  повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку  Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата.

Извор: ТВ21

Next Post
Шпанија планира масовна легализација на илегалните мигранти

Шпанија планира масовна легализација на илегалните мигранти

Армијата добива 42 моќни борбени „Страјкери“ од САД

Армијата добива 42 моќни борбени „Страјкери“ од САД

Препорачани Вести

Ројтерс: Администрацијата на Трамп ги предупредила Катар и сојузниците неколку часа пред израелскиот напад

8 months ago

Лавров: Трамп и неговиот тим искрено посветени на долгорочен мир во Украина

5 months ago

Популарни Вести

  • 13-годишно дете пронајдено во Тетово – Полицијата презема мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавено писмо старо повеќе од 400 години од архиепископот на Охрид 

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 25 милиони евра за поддршка за енергетска трансформација на 300 компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп ја стартува “Е-даноци“, олеснување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен македонски државјанин за тројното убиство кое ја потресе Македонија во 2007 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.